Новиот локален лидер на ВМРО ДПМНЕ Битола, Иванчо Тошевски за вечерва ја закажал конститутивната седница на новиот Општински комитет, кој тој го составил.
Според информации на Битолски весник новиот локален лидер веќе ги информирал некои членови на ВМРО ДПМНЕ дека по негов предлог се предложени да станат членови на ОК ВМРО ДПМНЕ.
Неговиот предлог треба да биде верификуван вечерва за кога е закажана конститутивната седница.