Don't Miss
Home / Градска хроника / Опозицијата побара спомен обележје за Киро Глигоров во Битола

Опозицијата побара спомен обележје за Киро Глигоров во Битола

На денешното чествување на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, по полагањето на букети свежи цвеќина пред споменикот на Револуцијата во Битола, кој се наоѓа пред Центарот за култура, локалниот лидр на СДСМ и актуелен пратеник Васко Ковачевски побара од градоначалникот на Битола, Владимир Талески и Советот на општината, во Битола да се изгради спомен обележје на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
Оваа наша иницијатива деновиве ќе ја официјализираме со наше барање до општината, истакна Ковачевски.
-Само на тој начин ќе докажеме дека знаеме да ги почитуваме и цениме своите државници со визија, каков што беше Киро Глигоров, изјави Васко Ковачевски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*