На големиот музички концерт ќе настапат и бендовите „THE PRODIGY live tribute band” од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.
Групите ќе настапат во четврток на 28 јуни, со почеток во 21 часот на Плоштад Гоце Делчев во Битола, во рамките на фестивалот во организација на Младинскиот културен центар-Битола.
Свеже Ампутирана Рука Сатријанија или скратено С.А.Р.С. е српска алтернативна рок група од Белград, основана во 2006 и од тогаш до денес имаат издадено 9 албуми, многу успешни турнеи и популарни песни. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.
Кон крајот на 2008 година, групата добива понуда да сними албум за националната издавачка куќа PGP RTS. Првиот албум, со помош од продуцентот Ѓорѓевиќ Миљеновиќ – Скај Виклер, е завршен за неколку месеци и објавен е во март 2009 година.
Групата добива награда за музичко откритие за 2008 година од TV Metropolis и освојува две награди од страна на публиката во гласањето кое било организирано од интернет магазинот Popboks за најдобар дебитантски групата и најдобар сингл во 2008 година.
Годинава ќе настапат во Битола после 7 години каде во 2011та го промовираа нивниот тогашен втор албум „Перспектива” во рамките на фестивалот Битола отворен град.
Funk Shui е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Бендот има издадено два албуми од кои првиот деби албум е “Етер” во 2012 година и “R.E.M”
Сите настани на фестивалот “Битола отворен град” ќе се одвиваат на отворено и без влезници, со што енергијата на “С.А.Р.С.”, “FUNK SHUI” и „THE PRODOGY LIVE TRIBUTE BAND” ќе стигне до пошироката публик