Жителите од селото Канино Битолско мака мачат. Последните денови во село Олевени мечки се шетале низ селото, додека во соседното село Канино со денови (и дење и ноќе) рикале крај куќите.
Според тоа што ни јавија нашите читатели наводно мечките се намножиле бидејќи не им стигало храна од шумата, па барале храна во околните села.
Мечките ни јавуваат читателите веднаш крај куќите изеле две јунички.
Мечките се причината што краварството последно време од десетина одгледувачи на крави таму спаднало на двајца, и тие не можат кравите да ги пуштат на паша, луѓето се попречени да користат вода за наводнување на полето, а жителите од Канино се плашеле да ја посетат и црквата.