Пред судењето за „Траекторија“ на СЈО, денеска во холот на Основниот суд Скопје 1 додека чекаше да влезе како обвинет, службеник од судот му го врачи упатниот акт на Никола Груевски да се пријави на 8 ноември во затворот во Шутка на отслужување на двегодишната затворска казна за „Тенк“.
Поранешниот премиер Груевски е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконито влијание при набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“ од безмалку 600.000 евра, пари на МВР.