Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ:Крупни инвестиции се направени во битолските образовани институции

ВМРО-ДПМНЕ:Крупни инвестиции се направени во битолските образовани институции

Во недостиг на креативност и нови идеи, секој септември со почетокот на учебната година, СДСМ се буди од летниот сон и почнува да ги повторува старите и деструктивни критики на образовниот систем, возврати попладнево владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Битола, на обвинувањата од СДСМ дека образованието во градот е како што рекоја пред финансиски колапс.
– Бидејќи на граѓаните им е веќе се познато и видено од СДСМ, дури и истите кадри кои ги промовираат како нови, во оваа прилика да ве информираме за најновите вложувања во образованието од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ . Со задовoлство ја информираме јавноста дека заврши изградбата на нови монтажни училишта во селата Карамани и Крклино, се работи за подрачни училишта на основното училиште “Даме Груев“ во кои се вложени 4,5 милиони денари. Во Битола, неодамна се направи замена на прозорците и фасадата на СОУ “Таки Даскало“ каде се вложени 8,65 милиони денари. Исто така вложивме 8,7 милиони денари за замена на прозорци, врати и подови во ОУ “Коле Канински“ и активностите се целосно завршени. И само да потсетиме на нешто што во времето на СДСМ, учениците не можеа да помислат а не пак да го добијат, тоа е изградбата на новите спортски сали- истакна на прес-конференцијата, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Пеце Милевски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*