Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет во предметот за 27 април, на прашање на новинарите дали ќе поднесе барање за амнестија согласно Законот кој завчера беше донесен во Собранието, рече дека од сега ќе ги наплаќа своите изјави.
-Изјава давам само за 50 евра – одговори Арнаудов пред да влезе во Кривичниот суд на денешното рочиште.
Обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви, пак, рече дека сè уште не го видел Законот за амнестија, дека има различни толкувања од медиумите и дека ќе треба да се консултира со неговиот бранител за тоа дали ќе побара амнестија.
Останатите обвинети рекоа дека ќе се консултираат со нивните адвокати, а пратеникот Сашо Василевски и екс директор на БЈБ, Митко Чавков ги изигнорира новинарите.