Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирацовски: Следната година ќе биде година на економијата

Кирацовски: Следната година ќе биде година на економијата

Зад нас е година на економско придвижување, повеќе пари кај граѓаните, интеграциски напредок, јасен правец на движење и развој на општеството. По 11 години изолација, неизвесност, осиромашуавње и уназадување, Македонија денес знае каде оди, чекори кон членство во ЕУ и НАТО, како вистински партнер на демократскиот свет, изјави Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.

„Македонија доби покана за членство во НАТО и наскоро станува 30 земја членка на Алијансата. Започна скриниг процесот со Европската Унија, а во јули 2019 година може да започнатпреговорите за членство и отворањето на првите поглавја. Ставивме крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто не влечеше надолу. Со Договорот од Преспа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност трајно ги заштитивме и обезбедивме“, рече тој.

На полето на економијата, додаде Кирацовски, преку план за економски раст и реализација на клучни мерки ја придвиживме економијата.

„Обезбедивме раст на платите, повеќе пари за секое семејство, раст на економијата, силно ги помогнавме фирмите за отворање нови и подобро платени работни места. Минималната плата ја зголемиувме на 12.000 денари и таа се однесува на сите стопански гранки, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои претходно добиваа пониски плати. Денес, околу 90.000 граѓани добиваат повисоки плати, 90.000 семејства имаат поголем семеен буџет, подобар стандард, подобра живејачка.
Растот на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година. Согласно растот на платите, растат и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните“, рече Кирацовски.

Според него, 2018 била година на рекорден износ на странски инвестиции, а невработеноста е намалена на 20,8 отсто и за првпат во државата има под 200.000 невработени лица.

„Следната 2019 година е година на економијата и подобар животен стандард. Трендот на раст на платите ќе продолжи и во 2019 година. Обезбедуваме раст на платите во сите сектори. Вработените во здравството, образованието, градинките, социјалната заштита, одбраната, судството, полицијата во 2019 година добиваатпоголеми плати за 5 отсто. Додека лекарите специјалисти добиваат поголема плата за 10 отсто“, рече Кирацовски.

Во наредната година, доаде тој, сериозно ќе се зголемат средствата за гасификација, за инфраструктурни проекти, ќе се градат и реконструираат автопати, ќе се инвестира во железничкиот сообраќај, ќе се градат водови и канализациски мрежи.

„Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата“, рече Кирацовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*