Македонија е пред клучни одлуки за Уставните измени и евроинтеграциите, и од тој апсект треба да се гледа и на законот за амнестија за 27 април, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Тој тврди дека законот за амнестија добил поддршка дури и од Брисел иако со ова решение обивнителството и судот ќе треба да одлучат кој да биде амнестиран пред да се донесе и самата пресуда.
– Kолку и да е политички штетен процес сепак е добро решени бидејки создава простор за подобра координација и преговри меѓу политичките субјекти во клучни моменти без при тоа да се наруши принципот на неказнивост. Законот е правен по пракса од други европски држави, рече Османи
Во меѓувреме до вторник тече рокот во кој 33-цата обвинети во случајот за 27 април ќе можат да поднесат барање за амнестија.
Петмина од обивнетите уште во петокот кога законот стапи во сила веќе побараа аменстија. Тоа го направија пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски, вработениот во УБК Оливер Радулов, како и Никола Митревски Кољо и Александар Василевски Нинџа.