Don't Miss
Home / Uncategorized / Во судот одекнаа 8 бомби од „Титаник 2“

Во судот одекнаа 8 бомби од „Титаник 2“

Осум бомби оддекнаа на денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ , во кој меѓу обвинетите се екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Главниот соговорник во разговорите е Драган Павловиќ Латас, а негови соговрници се Никола Груевски, Никола Тодоров и Јованче Ангеловски. Темата на разговор е гласањето на ДИК по приговорите поднесени за гласањето во Струмица по локалните избори во 2013 година.

Првиот разговор е помеѓу Латас и Груевски, на 28 март 2013 година, во 23.56 часот. Разговараат за поднесените приговори за Кичево и за Срумица, а меѓу другото Груевски го известува Латас дека Бранко Црвенковски бил на концерт на Џастин Бибер во Виена, со што се потсмеваат.

Груевски го информира Латас дека СДСМ поднеле жалби за Кичево, на што Латас му вели само да помине приговорот за Струмица.

Во наредниот раговор помеѓу двајцата соговорници разговорот е на истата тема, при што Груевски му вели на Латас:” Договараме со ДПА да не поддржат па да го заебеме Заев”‘

Латас пак му вели дека договорот со ДПА може да ги чино скапо, и подобро е да бидат во ситуација во која ќе можат да кажат дека не правеле пазар и се со чист образ.

Наредните разговори се меѓу Латас и Тодоров. Темата на разговор е повторно за гласањето на ДИК, но и тие го споменуваат и Бранко Црвенковски кој наводно бил во Виена на концерт на Џастин Бибер.

_Да не ги влече парите од Кипар преку Виена, вели Тодоров.

Наредните разговори меѓу Латас и Тодоров се клучни, бидејќи зборуваат за тоа како Заев ја изгубил Струмица бидејќи ДПА се договориле со ВМРО-ДПМНЕ и гласале за нив.

-Падна Струмица, ги поебавме во задна минута. ДПА гласаа за нас, паѓа Заев, возбудено му вели Тодоров на Латас, кој исто така се радува од она што го слуша.

-Друже Лаки, пала Струмица! Ова е туш, ние гласавме за нас а и ДПА, 4:3. Настана штама кога сфатија што се случува. Јасно им беше дека се договоривме со ДПА, вели Тодоров.

Потоа повторно го озборуват Црвенковски, потсмевајќи се дека на концерт на Бибер оделе тинејџери кои се уште немаат лична карта.

-Он ќе решавал име. Он Кичево го продаде ,во Виена е. Дај да му се јавиме ха ха, продолжува разговорот на Тодоров и Латас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*