Со 78 гласа „За“, Рубин Земон стана нов пратеник во Собранието, откако оставка си поднесе координаторот на пратеничката група во СДСМ, Томислав Тунтев, за да ја преземе функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Земон беше посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации на премиерот Зоран Заев.