Не се чувствувам виновен“. Вака на денешното судско рочиште се изјасни водителот Миленко Неделковски на кој му се суди за ширење на говор на омраза.
Тој кривично се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Aтика, Грција.
Обвинителот изведе неколку материјални докази, односно написи од медиуми, а еден доказ кој е видео материјал ќе се гледа на наредното рочиште, бидејќи во моментот во судница нема техничка можност.
Адвокатот на Неделковски побара наредното судско рочиште да се снима аудио и визуелно.
Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се заканува казна затвор од една до пет години.
Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.
Наредното рочиште е закажано за 22 февруари.