Таман решив да штедам за џип,
кога гледам ми снемало тоалетна хартија.
Грујо не избега(л), уплатил предвреме за дочек на Новата 2019 година во Будимпешта
Се “тепаме” дали сме Антички Македонци , или Стари словени,
А не сме знаеле дека сме “комплексирани” Македонци.
Ќе има помирување,
Народот одамна се помирил со својата судбина.
На 80 години доби на Лото, сега може да си купува Афричка слива колку сака.
Тој што ни солеше многу ум, од “жолтите елеци “, доби “жолто” на гаќите.
Останаа неискористени инекциите за грип,
Никој не умира – дојде животот!!!
Цело МАНУ стана посмешна и од Амди Бајрам.