СОВЕТ НА ОПШТИНАТА БИТОЛА
Бр. 09-03/1
23.01.2019 г.
Б и т о л а
Врз основа на член 26 став 2 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр. 10/05 и 17/08) и член 56 од Деловникот на Советот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр.15/05), ја
С В И К У В А М
28-та седница на Советот на Општината Битола за 29.01.2019 година (вторник) со почеток во 10,оо часот.
Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, со предлог на следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Програма за дополнување на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2019 година.
2. Одлуката за пренесување на правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола тер. 1, на ЈП „Комуналец“ Битола.
3. Оперативна програма за одржување и сервисирање на опрема за улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2019 година на ЈП „Комуналец“ Битола.
4. Решение за давање согласност на Ценовникот на услуги за поправка и монтажа на електричната мрежа за улично осветлување на територијата на град Битола тер. 1
5. Проект Почиста и зелена Битола.
6. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за уредување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.
7. Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
8. Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Битола.
9. Решение за именување членови на Општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Битола.
10. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола.
11. Решение за разрешување и именување на претставник од страна на родителите на децата во Управниот одбор на ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола.
- Годишниот план за вработување на ЈПСИЗ ЖАБЕНИ Битола за 2019 година.