Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали е подготвен да биде премиер на Република Северна Македонија, одговори:
-Јас сум подготвен да бидам премиер на Македонија.
Мицкоски не сакаше да одговори дали нема да го признае Договорот од Преспа кога би дошол на власт, туку рече дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тогаш граѓаните ќе виделе како процесот ќе бил изменет.
-Ципрас јасно и гласно кажа дека признаваме нација, признаваме државјанство. Само прочитајте ја дипломатскта нота во која Димитров објаснува дека nationality подразбира државјаство, а не нација. Ова значи дека самите се откажуваме од нацијата, вели ова не е нација, тука е државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата и ќе се стори се овој процес да го измени, да ја добиеме довербата и ќе видите, рече Мицкоски.