Битолски весник, во рамките на традиционалната, јубилејна, 20 по ред Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2018 “ на спектакуларен начин, во прекрасен амбиент, во ресторанот “ Вавилон “ ги прогласи најуспешните битолчани за 2018 година, според читателите на Битолски весник.
Според сите присутни на Манифестацијата тоа беше незаборавна Оскаровска ноќ, во која беа доделени признанијата и која битолчани кои беа во салата и кои го слдеа директниот пренос на ТВ “Тера” долго ќе ја паметат.
Амбиентот во “ Вавилон “ по ништо не заостануваше зад доделувањето на Оскарите во Холивуд.
Преполна сала, над 35 добитници на посебни награди и признанија по категории, раскошни тоалети, голем број гости и значајни личности, забава до раните бескрај…
Тоа се главните карактериститики на годинашната, Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”.
Манифестацијата ќе остане забележана како и по доделувањето на првото и засега највисоко признание на Битолски весник, наградата “Гран при” за познатиот светски адвокат од Битола, кој живее и работи во Белград, Србија, Тома Фила.
Наградата за трајни вредности отиде во рацете на актерката Јоана Поповска, а за животно дело за Виолета Томовска.