Don't Miss
Home / Uncategorized / Иванов не ја признава Северна Македонија

Иванов не ја признава Северна Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишува указите за стапување на сила на 11 закони кои го носат новото име на државата Република Северна Македонија и тие се вратени во Собранието. Најпрво биле вратени шест закони усвоени во февруари, а потоа и уште 5 закони од две седници одржанаи во овој месец„Законите чии укази, шефот на државата Иванов одбива да ги потпише и се вратени во законодавниот дом уште еднаш ќе се најдат пред пратениците за усвојување. Деловникот на Собранието пропишува дека доколку претседателот на државата одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното усвојување  на законот претседателот на државата е должен да го потпише неговиот указ..

Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека Иванов не ги потпишал указите за прогласување на 6 закони донесени на седница на 28 февруари и тоа Закон за изменување на Законот за ОТА, Закон за ратификација на спогодбата меѓу македонската и владата на Романија за соработка во областа на образованието, Закон за дополнување на законот за служба во Армијата, потоа измени на Законот за едношалтерски систем и трговски регистер, измените на Законот за електронски комуникации и дополнение на законот за давање под закуп деловни згради и простории.

Откако одбил да ги потпише указите, во законодавниот дом биле вратени и уште 5 други закони кои биле усвоени на седницата на Собранието одржана на 4 и на 6 март. Иванов ги вратил законите за изменување на законот за данок на додадена вредност, потоа за изменување на законот за користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост, потоа за задолжување на земјава со заем кај Светска банка, измените на законот за субвенционирање на станбен кредит како и измените на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во образложението Иванов навел дека указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на Република Македонија. Исто така денеска истекува и рокот за потпишување на уште 3 укази на закони донесени со двотретинско мнозинство и тоа Законот за изменување на законот за судовите, Закон за прекршоци и закон за управни спорови. Овие закони претседателот е должен да ги потпише бидејќи за нив се потребни гласови на 80 пратеници.

Претседателот Иванов претходно не го потпиша и указот за Преспанскиот договор и Законот за јазиците и покрај тоа што пратениците го усвоија по втор пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*