Don't Miss
Home / Градска хроника / Ново бележење на пешачките премини

Ново бележење на пешачките премини

Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини во Битола, со неколку екипи на терен. Најпрво ќе се работи во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, според динамиката на терен, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

Во текот на оваа недела, ЈКП „Комуналец”, со своите возила и служби, активно врши темелно чистење и миење на улиците, со цел да се изведе поквалитетно бојадисување и бојата да се задржи подолго на коловозите.

Со оглед на тоа дека во овој период во текот на ноќните и утринските часови ниските температури не дозволуваат сушење на бојата во одреден рок, обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе мора да се изведува во текот на денот, кога температурите се повисоки. Оттука, Општина Битола испраќа апел до возачите да бидат трпеливи за време на одбележувањето на пешачките премини, или, по можност во овај период почесто да користат градски превоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*