Home / Uncategorized / Нови скали до“ 40 Маченици’

Нови скали до“ 40 Маченици’

  • По проширени и целосно реконструирани скали, битолчани годинава ќе можат да се искачуваат кон црквичето „Св. 40 маченици“, за време на одбележувањето на овој верски празник. Екипи на КЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Битола, ги завршуваат работните активности во вредност од околу300.000 денари, кои покрај скалите, обезбедија решение за жителите на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во однос на истечните води.Новите скали, во должина од четири метри имаат површина на газењеод 32 сантиметри, нова платформа, а се обложени и со нова заштитнакошулица. Во овој дел од населбата Баир, на улицата „Христијан ТодоровскиКарпош“, направени се канализациони приклучоци во должина од 45 метри,поставена е и нова шахта со атмосферска решетка, во која ќе се собираататмосферските води, кои досега се излеваа на ѕидовите од околните куќи и импредизвикуваа големи проблеми на локалните жители. Направени се и нови 7приклучоци на индивидуални куќи, во однос на фекалната и атмосферскатаканализација. Поставен е потпорен ѕид во должина од 5,5 метри со висина од 1,40метри. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачнона ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП„Нискоградба“. Градоначалничката Наташа Петровска, претседателот наСоветот на Општина Битола и дел од советниците во општинскиот совет, гопосетија местото каде и денес се работи, со цел да се запознаат со тековнитеактивности и изведби. Дел од жителите на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“го искажаа задоволството од локалната самоуправа која одговорила нанивните барања, за решавање на еден, за нив, горлив животен проблем. Тиесе заблагодарија на преземените активности и интервенции, а дополнителнодадоа предлози за следни инфраструктурни зафати во овој дел од градот.
SONY DSC

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*