Пратеничката Јагода Шахпаска при денешната посета на Клиничката болница од Битола рече делка е пријатно изненадена од начинот на кој сегашниот менаџерски тим успева со лимитирани финансиски ресурси да управува со состојбите во битолското здравство.
„Информирана сум дека имаат околу сто вработувања од кои 37 доктори, 13 доктори се испратени на сепцијализација на гранки кои се неопходни за нормално секојдневно функционирање на Клиничката болница. Во интерес на граѓаните преземени се четири приватни специјализации во јавното здравство, примени се нови медицински сестри. Генерално, еден сериозен ангажман што очекуваме дека ќе даде резултат во догледно време во интерес на граѓаните на Битола и на соседните општини имајќи во предвид дека болницата покрива подрачје во кое гравитирата повеќе од 200 000 граѓани“, рече Шахпаска.