Учениците во ОУ„Елпида Караманди“ Битола деновиве се едуцираа за заштита восообраќајот, меѓу врсничко насилство и безбедност при користење на интернет, како дел од проектот „Полицијата и граѓаните заедно“, реализиран во соработка со МВР-СВР Битола,Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (ОСБСП), Општина Битола и УСЕ -училишна сообраќајна единица од основните училишта.Во рамките на проектот се одржаа едукативни предавања на следните теми: „Да гизаштитиме децата во сообраќајот“ од страна на самостојниот инспектор за сообраќај АлександраАнџиева, „Безбедно на интернет“ од страна на самостојниот инспектор во крим полиција Ките Трајковски и „Насилство – врсничко насилство“, предавање кое го одржа самостојниот инспектор за јавен ред и мир Зоран Стеваноски. Основните цели кои произлегуваат од овој проект се во насока на зголемување на свеста кај децатакај секојдневните опасности на кои тие се изложени меѓу кои и: Правилно и безбедно однесување во сообраќајот – развивање на сообраќајна култура(препознавање и почитување на сообраќајните знаци и правилата за безбедно преминувањена крстосница; осознавање и почитување на правилата за безбедно однесување при возењево автомобил, автобус; осознавање и почитување на правилата при возење на велосипед,како и безбедно движење во услови на намалена видливост); Правилно користење на интернетот, препознавање и заштита од негативните влијанијаприсутни и достапни до учениците преку социјалните мрежи во форма на видео игри коиги наведуваат децата на лоши дејствија кои го загрозуваат нивното здравје, односнонивната безбедност; Да умеат да го препознаат насилното однесување меѓу врсниците, да развиваат ставови икултура на коректно и пријателско однесување кон своите другарчиња, како и да знааткако и каде да реагираат во ситуација на присутност на овој тип негативна појава.