Битолски весник, понеделник на 29 април, го одбележa својот 55 -ти родненден.
Во понеделникот, на 29 април се навршија точно 55 години откако во далечната 1964 година беше испечатен првиот број на Битолски весник.
Со оглед на значењето на јубилејот, редакцијата на Битолски весник одлучи овој златен јубилеј да биде одбележан на свечен и достоинствен начин.
Иако првично беше планирано роденденот на Битолски весник да биде одбележан точно на пред 29 април, сепак поради Велигденските и Првомајските празници, како и претседателските избори, чествувањето е одложено за 17 мај.
На 17 мај 2019 година, со почеток во 19 часот во Народниот театар во Битола ќе биде одржана свечена Академија, на која на свечен начин ќе биде одбележан големиот јубилеј, 55 години до излегувањето на првиот број.
На свечената Академија поканети се да присуствуваат голем број гости, познати личности од политичкиот, јавниот, културниот и спортскиот живот во Битола и државата.
На свечената Академија ќе бидат врачени златни плакати на заслужни институции, фирми и поединци, кои во изминатите 55 години дале значаен придонес за опстојувањето на Битолски весник.
Во рамките на свеченостите планирани се и други активности со кои Битолски весник на најдостоинствен начин ќе го прослави својот златен јубилеј 55 години од излегувањето на првиот број.