Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.
Денеска е објавен целиот список на надворешни соработници кој ИРЛ го доби согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На листата се 40 надворешни соработници, а во меѓувреме професорот на Правниот факултет во Скопје Александар Спасов кој бесплатно го советуваше премиерот, премина во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.