Правничката што му го одзеде Домот на планинарите дрска кон новинарите
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
July 11, 2019
1,168 Views
- Јас немам врска со донесеното Решение на градоначалничката Наташа Петровска за одземањето на планинарскиот дом Копанки. Како е донесено Репшението, кое јас го подготвив прашајте го секретарот на Општината Слободан Најдовски.
- Со овие зборови ни се обрати правничката Олга Георгиевска која го изработи Решението за одземање на планинарскиот дом Копанки од планинарското друштво Пелистер и ни го затвори телефонот.
- На нашето инсистирање да ни ги ги каже аргументите за донесувањето на Решението, Георгиевски дрско и безобразно повторно ни го затвори телефонот, притоа симнувајќи ја од себе секоја одговорност за изработката на Решението.
- Да потсетеиме дека само пред неколку дена локалната самоуправа во Битола одржа коктел партија со новинарите прогласувајки се за најтранспарентна општина.
друштво Пелистер 2019-07-11