Новинарката Јадранка Костова најави дека се повлекува од тимот на 1ТВ, односно дека нејзиниот авторски договор и завршил со интервјуто на уапсениот Боки 13.
Новинарката истакнала дека околу две до три недели воопшти не оди во телевизијата и нема никаков контакт со тамошната екипа.
-Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со авторски договор. Ја правев емисијата во петок и само во петок се појавував во телевизијата, изјави Костова.
Таа истакна дека и од претходно сакала да се откаже од ангажманот во оваа телевизија, но дека сега тој и официјално е завршен.