По
завршувањето на подготвителните активности на теренот , механизацијата
на ЈП Македонија Пат започна со активностите за асфалтирање на патниот
правец од с.Скочивир до река Коњарка (Излетничко место на река Коњарка )
во должина од 3 км .
Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци .
Благодарение на залагањето на градоначлникот Љубе Кузманоски
жителите од овај регион добиваат пристапен патен правец со што ќе се
рефлектира на зголемување на квалитетот на живот и збогатување на
туристичката понуда поготово за Излетничкото место на река Коњарка.
“Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна олеснувајќи го пристапот до нив .Одсега за љубителите на убавата природа , рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно .”-истакна градоначалникот Кузманоски