Деновиве бевме сведоци на уште еден хуман гест на Ротаракт Широк Сокак Битола.
Во детското одделение при Клиничката болница реализиран е уште еден од многуте проекти на Ротаракт Широк Сокак. Се работи за реновирање и разубавување на просториите во ова одделение, каде најмладите се најбројни пациенти.
Направено е цртање на ѕидните површини, а со проектот се планира и санација на подните површини и поставување нови плочки на подот.
Вредноста на овој зафат во Клиничката болница Битола, е во износ од 3.000 евра,а истиот е финансиски помогнат од СН Осигурителен брокер и СН Финансии, Битола.
За потсетување Ротаракт Широк Сокак е еден од најактивните клуб организации во Општина Битола, кои во изминатиот период успешно реализирале голем број проекти.