Според периодичната пресметка за трите месеци од оваа година “Јавор“ бележи натамошен интензитивен раст. Имено, реализацијата на крајот од првото тримесечие во 1972 година изнесуваше 47 милиони динари, а годинава е зголемен за 52 отсто, а сето тоа е постигнато со намалени трошоци.
Маржата е 8 проценти и е најмала во Југославија и таа изнесува 14 отсто, а во Македонија просекот е 12 проценти. Додека лани во тој период “Јавор“ имал 165 вработени, сега бројот изнесува 230 лица, а со отворањето на новата стоковна куќа на улицата “Иван Милутиновиќ“, тој број ќе биде зголемен.
Со остварената реализација во 1972 година “Јавор“ на ранг-листата на претпријатија во СР Македонија се наоѓа меѓу првите пет претпријатија, а во својата групација железарија и градежни материјали е на прво место во СР Македонија. “Јавор“ има највисок процент на издвојување за фондови во Републиката – 35 проценти за лични доходи, а 65 проценти за фондови.
Текстот е објавен во на 8 април 1973 година во Битолски весник