Don't Miss
Home / Uncategorized / “Вавилон“ (веќе) распродаден

“Вавилон“ (веќе) распродаден

Акција на Битолски весник”Избор на најуспешни битолчани за 2017”.

И покрај тоа што до Изборот на најуспешни битолчани за 2017 година остануваат уште 16 дена веќе уште од сега можеме да кажеме дека што се однесува до нас, како организатори, Манифестацијата може да се одржи уште утре.

Редакцијата на Битолски весник, која уште првиот ден, по Новата година ги почна подготовките за Манифестацијата  веќе ги заврши  сите свои активности  околу организацијата и можеме слободно да кажеме дека се е веќе подготвено за Изборот.

Деновиве Битолски весник ги заврши преговорите и околу генералниот покровител на Манифестацијата.

Како и минатите години, така и годинава  генерален покровител на Манифестацијата ќе биде германската корпорација “ Кромберг и Шуберт “ која веќе неколку години со ред е редовен покровител на Изборот.

Тоа што посебно не радува е што годинава интересот за Манифестацијата е како никогаш досега.

Влезниците кои беа пред само неколку дена пуштени во продажба веќе се речиси (рас)продадени. Тоа е најдобра најава дека и годинава “Вавилон“ ќе биде претесен да ги прими сите оние кои  сакаат во живо да ја следат Манифестацијата.

Битолски весник ги договори и музичките групи и пејачи кои ќе ги забавуваат гостите на Манифестацијата во културно-забавниот дел.

За сите присутни во “Вавилон“, Битолски весник приредува големо пријатно изненадување, бидејќи за самата Манифестација носи светско име од САД,  кој ќе ја прими наградата  “Ајри Демировски “ а кој како подарок за градот, на 22 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во Центарот за култура ,а  ќе има и свој настап во “Вавилон“.

Договорени се и други изненадувања, а  најавено е и доаѓање на голем број гости од светот на политиката, бизнисот, културата, уметноста, спортот, естрадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*