Don't Miss
Home / Градска хроника / ЗИК Пелагонија ќе ја прероди пелагониската котлина

ЗИК Пелагонија ќе ја прероди пелагониската котлина

По петмесечни дискусии неодамна е потпишан конзорциум, а деловната соработка меѓу трите најголеми земјоделски организации во Македонија им дава можности за постигнување на уште покрупни резултати во наредниот период.
Трите работни организации ќе располагаат со почетен капитал од десет милиони нови динари, вели генералниот директор на Комбинатот, Гога Петковски.
Цела оваа сума и кредитот од триста милиони нови денари ќе биде инвестирана во трите наредни години за изградба на низа нови индустриски капацитети.
До 1972 година во Битола ќе се изградат пиварница, кланица со ладилник, фабрика за сувомеснати производи, фабрика за сточна храна и големо голиште на крави.
За остварување на договореното во ЗИК “Пелагонија“ ќе бидат вработени нови 1.200 стручни кадри.
Текстот е објавен на 7 јануари 1970 година во Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*