Кривичниот суд ѝ определи 30-дневен притвор на Катица Јанева. Јавната обвинителка Вилма Рускоска, која ја води постапката, претходно донесе наредба за проширување на истрагата и против Јанева, која вчера беше приведена.
Покрај проширувањето на истрагата, Обвинителството од надлежниот суд предложи определување на мерката притвор. „Никогаш не би побарала приведување или притвор за некој за кој нема докази“, нагласи вчера Рускоска.
По определувањето на мерката притвор Јанева е префрлена во истражниот затвор „Скопје“, каде што веќе се наоѓаат првите осомничени во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милевски–Кичеец. Истрагата за случајот, посочуваат од Обвинителството, продолжува.