Don't Miss
Home / Uncategorized / Боки 13 колабираше за време на распитот кај Рускоска

Боки 13 колабираше за време на распитот кај Рускоска

Петнаесетина минути откако Бојан Јовановски беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“, беше повикана Брза Помош.

Јовановски на носилка беше изнесен и однесен на клиника.

-Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше, не беше контактибилен. Дојде Брза Помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот, рече адвокатот Сашо Дуковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*