По силниот земјотрес што ја погоди Албанија, албанскиот претседател, Илир Мета и лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, изутринава пристигнаа во меноста Тумана, кадешто силниот земјотрес предизвика голема материјална штета.
Во изјава за новинарите, Мета рече:
„Многу драматична ситуација. Се прават напори да се извлечат луѓето од под урнатините. Посакувам да нема многу жртви. Нека секоја институција ја заврши својата работа “, рече Мета, кој беше и во локалната болница.