Don't Miss
Home / Колумни / (Не)искрениот претседател

(Не)искрениот претседател

                          

          Изминатиот викенд бев некако посебно горд. Не само на себе, туку и на нашиот мудар и паметен  македонски народ.

          Причината за мојата голема среќа беше што иако на тоа не беше прудпреден, сепак тој на претседателските избори одлучи  Стево Пендаровски да ни биде претседател на државата.

          Со изборот на Пендаровски за претседател на Македонија, македонскиот народ не само што  доби нов претседател, туку доколку не беше избран спречи  на  армијата гневни, разочарани, депримирани, фрустрирани… граѓани  да им  се приклучи и Стево Пендаровски и тој како стотици илјади други  пред се млади луѓе да и каже ако не збогум, тогаш барем довидување на Македонија.

          Вака со правилниот и мудар избор на мудрите и паметни македонски граѓани , како и останатите граѓани кои живеат во оваа држава,   спречи Пендаровски да се исели од државата и  да не стане  само бројка од  македонската дијаспора.

          Со изборот на Пендаровски за претседател на државата тој остана да живее во Македонија и во извесна смисла го докажа својот патриотизам.

           Затоа деновиве, откако ја слушнав дилемата на Пендаровски искажана во Нови Сад,  и јас сум невообичено среќен човек што тој остана да живее во Македонија и заедно со нас да го оди патот кон ЕУ, за кој тој  најдобро знае дека  не само што ќе биде многу долг, туку можеби и безнадежен.

          Во изминатиот период како новинар и граѓанин сум се изнаслушал и изначитал какви се не бисери на македонските политичари.

          Кога деновиве ја слушнав изјавата на нашиот претседател, најпрво што се запрашав дали тоа што го слушам е вистина, или некоја нова лажна вест, која ни ја сервира некој од клетите опозиционери.

          Но кога по неколку кратно препрочитување и преслушување се уверив дека таа сепак  е изјава изречена директно од устата на претседателот Стево Пендаровски,  прво што си реков е што му е на човекот?

          Зарем и тој како и илјадници млади луѓе бил во дилема  да остане во државата или не?   

          Затоа сум невообичаено   среќен човек што илјадниците македонци кои гласаа за Пендаровски со својот глас не само што го сместија него во вилата Водно, туку го спречија да ја напушти државата,  за која на изборните кампањи ни зборуваше дека толку многу ја сака.

          -Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со Европската Унија траат со години, а притоа просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не сум претседател, и самиот би се отселил од својата земја, изјави  на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад,  нашиот претседател, Стево Пендаровски.

          И веднаш да кажам тоа што покрај ваквата изјава на Пендаровски уште повеќе ме зачуди е што присутните на Форумот, откако ја слушнаа изјавата, му аплаудираа на Пендаровски.

          Притоа остана нејасно дали аплаузот  кој го доби Пендаровски беше затоа што беше избран за претседател, или пак за тоа што по изборот за  шеф на државата, тој остана да живее во Македонија, каде што илајдници млади луѓе пред тоа се иселија, не само заради што  имаа скромни 400 евра плата, туку и поради неуспешните политики на владите да ја интегрираат Македонија во ЕУ.

          Не знам што сакаше Пендаровски да каже со ваквата негова изјава. Но иако тој подоцна се обиде да ја дообјасни изјавата и преку својот кабинет и неговите советници да и соопшти на македонската јавност дека  ја разбира потребата истата да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, сепак  таквата негова изјава во најмала рака е неумесна  и скандалозна, која не му доликува на еден претседал на држава.

          Каква порака со таквата скандалозна изјава сакаше да испрати Пендаровски до младите присутни на Форумот, дека во Македонија има живот само за тие како него, кои ќе станат претседатели, додека останатите треба да си го бараат патот,  или во Македонија може да живее само првиот човек на држав ата, а останатите, кои земаат 400 евра плати  месечно, кои патем речено  се  неостварен сон за стотици илјади граѓани на оваа држава, треба да се иселат.

          Најмалото нешто што требаше да го направи Пендаровски по таквата во најмала рака  недоветна изјава, беше да им се извини на граѓаните и да побара прошка од нив, што ете во еден негов емотивен набој неубаво се изразил и изјавил нешто што  обичен човек пијан  не би  го рекол, а камоли претседател на држава, чиј врховен командант е.

          И сега кога Пендаровски во Нови Сад го кажа тоа што не смееше да го каже, на обичните граѓани им (пре)останува  гласно да се прашаат кој ја води оваа држава.

          Стево Пендаровски  не е политичар од вчера и нов на македонската политичка сцена. Тој има богато СВ зад себе.

          Тој во еден период беше дури  и портпарол на МВР, кој постојано беше пред јавноста со своите изјави. Во изминатите години тој обавувал низа значајни политички и државнички функции.   Бил советник на претседателите Бранко Црвенковски и Борис Трајковски. Бил дел од бзбедносните структури  на државата, како и национален координатор за НАТО пактот. Беше едно време паретник во Собранието на Македонија.Обавувал и бројни други  партиски и државни функции.    Човек со и те како богато животно и работно искуство.

           Тоа што ме чуди е што иако  нашиот претседател е со такво богато животно и работно искуство за мошне кус период откако е на функцијата претседател на државата има дадено неколку  чудни изјави, кои во најмала рака се проблематични.

          Така пред извесно време, Стево Пендаровски, во улога на претседател на државата, со ништо не предизвикан  јавно изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин.

          Таквата негова изјава беше со егзалтација примена во Бугарија, но наиде на остра осуда кај македонската јавност, па мораше подоцна да се вади дека тој не  го кажал тоа што го кажал и не го мислел тоа што го мислел.

          Јавните функции носат големи привилегии, но и одговорности.

          Посеба тежина имаат изјавите на високите државни функционери.

Оттаму Стево Пендаровски треба да знае дека секоја негова изјава како претседател на Македонија ќе се мери посебно.

          Затоа пред да даде некоја изјава треба добро да размисли што ќе каже и како ќе каже.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*