Бојан Јовановски бараше од Ана Камчева на денешното судење за „Рекет“ да опише точно каков бил несесерот во кој наводно му дала 350.000 евра.
Тогаш таа рече дека несесерот и го дала нејзината свекрва Ратка Камчева, и била со светла праска боја. Таа истакна и дека Јовановски го вратил несесерот, преку Зоран Милевски Кичеец.
Јовановски тогаш ја праша и дали го посетувала додека тој бил во „Систина“ за да се оперира, на што таа одговори потврдно.
-Да, бев два пати, заедно со Кицеец и докторот, рече Камчева.
На прашањето на Јовановски, пак, за кого предвреме ја информирал дека ќе боде уапсен од СЈО, Камчева рече дека тоа било за Сашо Мијалков.
-За два дена ми рече дека ќе го притворат Сашо Мијалков, рече Камчева.