Битола вечерва е најзагаден македонски град, според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Неколку пати над дозволеното е загаденоста во Битола.
Тетово, Струмица, Кочани, делови од Скопје се високо загадени, додека Куманово е средно загадено.
Дебар е ниско загаден, додека Кичево, Кавадарци, Гостивар и Велес се многу ниско загадени.