Don't Miss
Home / Uncategorized / “Бисерите” на Малиот битолски Монмартр како новогодишен подарок

“Бисерите” на Малиот битолски Монмартр како новогодишен подарок

                       

          Битолската чаршија повторно оживеа. Иако дождот кој паѓаше во саботата  во извесна смисла го поремети планот на организаторите, на изложбата  во Старата битолска чаршија да бидат презентирани 1.000 ликовни  творби, колку што насликаа учесниците на годинашниот “ Мал битолски Монмартр “, сепак и изложбата со над стотина цртежи го привлече вниманието не само на  битолчани, кои не ја  пропуштија приликата да ја посетат изложбата, туку и на бројните туристи пред се од Грција и Турција, кои во тој момент се затекнаа во чаршијата.

          На  манифестацијата најпрво полетаа балоните како невообичаена покана до заинтересиарните за учество на  битолскиот Монмартр за идната година, а беше исечена и славеничката торта.

Потоа  им беа врачени  меѓународните награди и  признанијата кои членовите на Детското ликовно студио “ Кирил и Методиј”  ги   освоија  на многубројните светки детски ликовни конкурси. 

         Младите членови на студиото годинава се вратија со бројни награди и признанија  кои ги освоија на конкурсите во Романија, Бугарија и Јапонија.  Исто така членовите на Студиото  освоија награди за учество на меѓународни ликовни колонии во Пиатра Неамт (Романија) и Евора (Португалија).

          Награди добија: Христина Врчковска, Јана Ристевска,Јулијан Ивановски, Анастасија Котевска, Ана Полизовска, Габриела Николовска, Ангела Каранфилова, Илина Ѓоргиевска.

          Обракајќи им се на присутните основачот и идеалогот на Малиот битолски Монмратр, Кочо Хаџиантоновски истакна.

          -Оваа манифестација секогаш ја правевеме на 25 јануари, роденденот на нашиот ангел Тоше Проевски. Но на молба на занаетчиите, кои редовно не помагаат одлучиваме  овој пат, пред Новата година, да ја збогатиме понудата на Битола не само за нашите сограѓани, туку и бројните туристи и изложбата да ја отвориме во пресрет на Новогодишните празници, кога чаршијата е доста раздвижена и полна со луѓе.

          Ќе беше убаво  доколку малку времето  не се расипеше и да не врнеше дожд, бидејќи планиравме да презентираме 1.000 цртежи. Но и со овие 100 цртежи со кои се преставивме  го презентиравме богатството на творби со кои располагаме и кои мислам дека  го привлекоа вниманието на битолчани и бројните туристи, ни изјави Кочо Хаџиантоновски, кој и покрај нарушеното здравје сепак собра сили и дојде во студиото да им ги врачи наградите и признанијата на членовите на Детското ликовно студио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*