Don't Miss
Home / Uncategorized / Усвоен Правилникот за субвенционирање на инвертер климите

Усвоен Правилникот за субвенционирање на инвертер климите

Советниците  на  Советот на Битола денеска го усвоија  Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка  на  инвертер климите.

-Денеска го усвоивме Правилникот со кои  ги утврдивме условите како ќе се врши замена на досегашните печки на дрва со клима инвертери.

Се постигна усогласувањето на ниво на четирите града, кои ќе ја добиваат оваа субвенција. Имаме зелено светло од Министерството за животна средина каде што ќе го усвоиме Правилникот со едно дополнување, каде што се наведени функционалните карактеристики на климите, кои што ќе можат да ги земат граѓаните за замена, рече претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски.

За усвојување на Правилникот гласаа и советниците на  опозицијата.

– Затоа што во Правилникот беа вклучени сите наши забелешки кои ги дадовме како опозиција, гласавме  за  Правилникот. Меѓутоа ако власта смета дека со оваа мерка ќе ги покрие сите промашувања во изминатите две години од типот на Топлификација, Гасификација и пречистителна станица, сите овие три проекти досега требаше да бидат веќе во поодмината фаза или веќе завршени со градба, тоа нема да се случи, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*