Над илјада верници и гости од Македонија, Србија, Бугарија и Грција,на 19 и 20 овој месец, присуствуваа на празнувањето на светиот Лампсакиски чудотворец Партениј и му вознесоа молитви и слава, што се одржа во рамките на одбележувањето на илјада столетието од основањето на Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител”.
Исто така,празнично се одблежаа 25- тиот по ред именден, четврт век монашки подвиг и свештено служенње и половина век физичка возраст на бигорскиот игумен Партениј.
Во името на монашкото братство и сестринство, првиот јеромонах на Бигорски, отец Доситеј,му го честита јубилејниот именден со пригодно слово.:
„Годините на игуменувањето се години исполнети со титански подвиг, саможртва, духовна бодрост и трезвеност, со ревносна готовност да му се служи на Господ”, истакна меѓу другото отец Доситеј.
Возвракајќи на честитките, славеникот архимандрит Партениј рече:
„ За мене најголема радост е кога ве гледам како сведоци на Христовата безусловна љубов. Непрестајно да се трудиме во подвигот на меѓусебната љубов. Така ке бидеме од полза и за црквата и за општеството и за татковината. Во никој случај не сакам да се фалам со ништо друго, освен со Крстот Христов. Но, делата што братството на Бигорскиот манастир ги прави за милата ни Македонија, самите говорат.
Празничното чевствување го збогатија г. Тимотеј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, г. Јосиф, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија и епископот Стобиски Јаков, кои учествуваа во бозенствената литургија.
Иван Ивановски, од Долно реканското село Битуше, кој 16 години живее и работи во Киев, Украина, специјално дојде на отецот Партениј, да му го честита роденденот и како голема благодарност за се што прави за заживување на духовноста во западниот дел на Македонија,на збогатување на матерјалното богатство прошируванње на постојните манастирите и црквите и на изградба на нови,му подари две уметнички слики изработени со килибарски песок- негов портрет и автентична слика на Бигорскиот манастир.