Со сечење на роденденската торта, на која пишуваше 75 години ФК Пелистер, од страна на сопственикот Пеце Стојчевски, претседателот на Управниот одбор – Зоран Лазаров, претседателот на Советот на општина Битола – Валентин Груевски, членови на Управата, тренерот, фудбалерите, претставници на “Чкембарите“ започнаа празнувањата на клубот за големиот јубилеј
Предвиден е и натпревар меѓу ветераните кои оставија белег во овој клуб, а на 15 март е закажана свечена академија во „Центарот за Култура“, на која ќе бидат поканети фудбалери од сите генерации.