Чекајќи да дојде голата вистина во политиката триесет години, народот прооде гол.
Македонија толку ја огрдеа што да се тепаш за власт во неа е безвезно, како, што Попај и Дибек се тепаат за Олива.
Се чудевме како кравите се свети животни, додека некои од “говеда” во политиката не станаа свети крави.
Кога Ивона не ја истресовме од гаќи од 500 евра, никого нема да истресеме.
Ако се избркале судиите ќе немало кој да ги смени?! Па нели имаше правници со лопата да ги риниш.
Не се сите министри да ги пуштиш гуски да пасат. Може да се асилимираат со нив.