Во врска со работењето на екс генералниот директор на ЕЛЕМ, а сега лидер на ВМРО ДПМНЕ, кога беше прв човек на електраните, прес конференција одржа сегашниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
-Денеска ќе ги презентираме фактите за неодговорното и недомаќинското работење на Христијан Мицкоски, како поранешен генерален директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ.
Христијан Мицкоски ќе влезе во историјата на оваа државна компанија како директор кој купил увозна струја по астрономски високи цени.
Христијан Мицкоски во месец јануари 2017 година увезе струја по цена и до 240 евра за MWh.
Во периодот од 8 до 23 јануари 2017г, тој како директор купил скапа увозна струја во вредност од 360 милиони денари или 5.600.000 евра. Пари на компанијата, пари на државата, пари на граѓаните.
Средства кои доколку се работело како што треба-немало да се потрошат за скап увоз на струја.
Доколку компанијата била подготвена за грејната сезона-немало да има увоз. Само во јануари набавени се 58.992MWh електрична енергија, од кои најниската цена е 52,85 е/MWh, а највисоката- фантастични 240 е/MWh .
И затоа, се поставуваат неколку прашања, на кои што одговор може да деде само лично Христијан Мицкоски:
-Зошто Христијан Мицкоски во 2017 година дозволил да нема евтино домашно производство и наместо тоа-да купува скапа увозна струја?
-Зошто купувал ден за ден, што е модел за највисоки цени? Зошто не набавил плански за подолг период, со што би се постигнало намалување и упросечување на цените? Дали така ќе се избегнеше цената од 240 евра?
-Дали со неговото неодговорно раководење, свесно ја оневозможил компанијата да произведе сопствена евтина енергија, со што ја загрозил стабилноста на електро-енергетскио систем, а исто така предизвикал сериозна материјална штета?
Ова се прашања на кои само Христијан Мицкоски може да одговори, рече Ковачевски.