Don't Miss
Home / Вести / Печатницата “ Киро Дандаро“ донира 200.000 денари за Битолската болница

Печатницата “ Киро Дандаро“ донира 200.000 денари за Битолската болница

          Печатницата “ Киро Дандаро“ Битола која и во време на вонредна состојба работи без никаков прекин, одлучи да донира 200.000 денари во заштитни маски, нараквици и други дезинфекциони средства за Клиничката болница во Битола.

          Донацијата за Клиничката болница е  направена според потребите на болницата и спецификацијата на потребните материјали кои ги побарале.

          Инаку печатицата “ Киро Дандаро“ непрекинато работи и во вонредни услови и според зборовите на првиот човек, Драги Милошевски, има нарачки од голем број соседни држави, како што  Србија, Косово, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Кипар, Грција, Холандија, Молдавија, Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*