Don't Miss
Home / Градска хроника / Регионални денови на културата во Новаци

Регионални денови на културата во Новаци

Во салата за приредби во општина Новаци, учениците од ЦОУ „Даме Груев” од Битола ја одиграа претставата „Чорбаџи Теодос” во рамките на регионалните денови на културата.

novaci kultura

Оваа манифестација се одржува трета година по ред во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во кој се вклучени деветте општини од регионот и нивните центри за култура се со цел развој на културата.

Вториот настан од оваа манифестација беше настап на танчерите од Спортскиот танцов клуб “Степ Ап“  кои изведија стандардни латино американски танци.

-Општина Новаци секогаш ги поддржува и понатаму ќе ги поддржува ваквите настани кои имаат за цел развој на културата и збогатување на културниот живот на локалното население особено ако се работи за најмладата популација- изјави  Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во фокусот на овој проект е развој на културата преку ставање во функција локални чинители .

Дел од програмата на манифестацијата е во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија(Франција) и Република Македонија како дел од проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” воден од Локомотива и мешаниот синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*