Don't Miss
Home / Вести / Лицата кои на работа одат со придружба да се ослободат од работа

Лицата кои на работа одат со придружба да се ослободат од работа

Владата на Република Северна Македонија на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените  лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности.

Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*