Don't Miss
Home / Вести / Хоспитализиран стар човек од старскиот дом “ Сју Рајдер “ во Битола

Хоспитализиран стар човек од старскиот дом “ Сју Рајдер “ во Битола

          

            Според информации од домот за стари лица “ Сју Рајдер “ Битола деновиве на инфективнпто одделение во Клиничката болница е хоспитализиран 85 годишен човек.

            Пациентот од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивен  од коронавирусот.

 Од домот за стари лица “ Сју Рајдер“ во Битола велат дека две други стари лица,  сместени во Домот, кои биле во соба со него, се во изолација, а  на домашна самоизолација   се испратени и осумина  вработени.

Пациентот во петокот добил покачена температура, по што  била повикана Брза помош, а бил  информиран и Центарот за јавно здравје во Битола.

 Од пациентот бил земен брис кој се покажал позитивен, по што бил хоспитализиран во Болницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*