Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека одлучил да прогласи нова вонредна состојба во времетраење од 14 дена, наместо предложените 30 дена, како што бараше техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Одлуката е донесена по широки консултации со експерти од повеќе области и советниците во кабинетот, а врз основа на информациите кои ги добил од учесниците на Советот за безбедност.
Пендаровски рече дека траењето на вонредната состојба од 14 дена нема никаква корелација со вонредните избори, посочувајќи дека тоа прашање дополнително ќе биде разгледувано на лидерската средба.
Според претседателот на држава, главната причина за новата вонредна состојба е потребата од имплементација на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата.