Home / Вести / Пресуши фонтаната “Филип Втори “

Пресуши фонтаната “Филип Втори “

Фонтаната кај споменикот “ Филип Втори “ на плоштадот “ Магнолија “ пресуши.

          И покрај тоа што денеска  во Битола температурите беа необично високи за овој период од годината, сепак Фонтаната не работеше.

          Битолчани кои седеа  на  клупите околу Фонтаната се чудеа оти таа не работи.

          Засега не  се познати причините поради кои фонтаната “ Филип Втори“  не работи. Дали во  прашање е дефект на механизмот за работење на фонтаната или  е нешто друго останува да кажат локалните власти.

          Но сепак останува  впечатокот дека комплексот со спомен обележјето на Филип Втори  е оставен  на забот на времето едноставно да пропаѓа, иако тоа место требаше да претставува собиралиште како на повозрасните лица така и на младите  битолчани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*