Don't Miss
Home / Вести / Заев ги престави министрите во новата влада

Заев ги престави министрите во новата влада

Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, во придружба на политичарите од коалицијата која формира мнозинство, претпладнево на прес конференција пред Собнранието го соопшти персоналниот состав на Владата за која треба наредните денови да се произјаснат народните пратеници.

Според предлогот на Заев доставен до Собранието, новата Влада ќе има 19 министерства. Од СДСМ покрај Заев кој ќе биде премиер, членови на владата ќе бидат и Љупчо Николоски кој ќе ја извршува функцијата вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шеќеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска -министерка за образование и наука, Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Аријанит Хоџа од БЕСА, предизборен коалиционен партнер на СДСМ, ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа.

ДУИ во владата ќе партиципира со шест члена: Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министар за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Белтеши – министер за економија, Насер Нуредини – министер за животна средина и Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и адмнинистрација.

Заев изрази очекување дека во наредните денови Собранието по разгледувањето на биографиите на кандидатите за состав на владата ќе закаже седница на која ќе се гласа за нејзин избор.

Тој рече дека владата е составена од професионалци чиј приоритет во наредниот период ќе бидат внатрешните прашања, затоа што надворешните се затворени.

-Приоритет ќе биде борбата со Ковид 19, здравството, образованието и екологијата, а паралелно со решавање на прашањата кои ги најмногу ги мачат граѓаните, ќе се работи и на подготовките за отпочнување на преговорите на земјата за членство во ЕУ, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев истакна дека новата школска година најверојатно ќе започне на 1 октомври и дека за тоа ќе бидат донесени потребните законски акти. Она што е извесно е дека новата учебна година нема да почне на 1 септември, дециден беше Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека замениците министри се познати 90%, и дека тоа прашање ќе биде затворено до изборот на владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*