Don't Miss
Home / Култура / Италијанскиот диригент д Агостини ќе настапи со битолскиот камерен оркестар

Италијанскиот диригент д Агостини ќе настапи со битолскиот камерен оркестар

Познатиот италијански диригент маестро Алесандро д”Агостини ќе диригира со битолскиот камерен оркестар на претстојниот концерт во новата есенска  сезона.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека под диригентската палка на д Агостини кон крајот на месецов ќе се одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Бах, Шопен и други светски познати композитори.

– Како што е познато камерниот оркестар на Битола годинава функционира во партнерство со нашата национална установа и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола. Новата есенска музичка сезона ќе продолжи на 26 октомври со целовечерен концерт за клавир и оркестар, и ќе биде под диригентската палка на маестро Алесандро д”Агостини, диригент од Италија кој има импозантна кариера со познати оперски куќи низ матичната и други европски држави, потврди Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*